Иако се уште не е полнолетен, талентираниот бразилски напаѓач Паулињо со своите партии во Васко де Гама го привлече вниманието на голем број европски гиганти.
Паулињо, кој во јули ќе наполни 18 години веќе се наоѓа на мета на ПСЖ, Јувентус и Атлетико Мадрид, а сега и Манчестер Сити се вклучи во трката за неговиот потпис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бразилските медиуми пренесуваат дека Васко де Гама не сака да разговара за понуда помала од 25 милиони евра.
Со вклучувањето во траката на богатите клубови како ПСЖ и Манчестер Сити неговата цена додатно ќе порасне.
Паулињо веќе има 17 настапи за младата бразилска репрезентација, а неодамна беше прогласен за најдобар млад играч во бразилското првенство.
Manchester City are showing an interest in signing Brazilian teenager Paulinho of Vasco da Gama. (Source: Daily Mail) pic.twitter.com/nzx4M7JF1z
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 16, 2018