Екипата на Интер повторно славеше. Тие успеаа да ја совладаат Верона по доста напорен меч, а на крајот резултатот гласеше, 1:2.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Немаше премногу шанси во првото полуреме, но Интер успеа да ја искористи шансата по одличното проигрување на Антонио Кандерва.
Центаршутот стигна од десната страна, Валеро фантастично реагираше и погоди за 1:0.
По 13 минути игра во второто полувреме, во игра влезе Пацини, а по прекршувањето на Хандановиќ, Пацини беше стрелец за 1:1 од белата точка.
Овој резултат траеше 8 минути, бидејќи Иван Перишиќ по одбиена топка постигна фантастичен еврогол за 1:2.
Интер сега, повторно е пред Јувентус на табелата во Серија А, има 29 бодови, а пред нив е само Наполи со 31 освоен бод.