Дома Останати Кошарка Евробаскет Евробаскет: Летонија подобра од Турција, Србија прва во Д групата

Евробаскет: Летонија подобра од Турција, Србија прва во Д групата

Летонија ја совлада Турција, во Д групата 89:79, со што заврши фазата по групи на 40. Европско првенство во кошарка. Победата на Летонија го обезбеди првото место за Србија во оваа група, Летонците се втори, Русите трети, а Турците четврти.

Натпреварот кој беше од големо значење за двете селекции, поради конечниот пласман во групата, мина во знакот на младата летонска НБА ѕвезда Кристапс Прозингинс и ветеранот Јанис Блумс на едната, односно Чеди Осман на другата страна.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Летонците имаа констатна предност на моменти и двоцифрена, но Турците се вратија во мечот со серијата 9:1 во финишот на третиот период. Во воведните минути од последниот период Турција стигна до негатива од само два поени (69:67), но повеќе од тоа тимот на Уфук Сариџа не можеше.

Прозингинс натпреварот го заврши со 28 поени и седум скокови, а ветеранот Блумс постигна 17 кошеви. Турција ја предводеа Осман со 24 поени и Мелих Махмутоглу со 19 поени.

Резултати од вчерашните натпревари:

Ц група:
Чешка-Хрватска 69:107
Унгарија-Шапнија 64:87
Црна Гора-Романија 86:69

Табела: 1. Шпанија 5-0, 2. Хрватска 4-1, 3. Црна Гора 3-2, 4. Унгарија 2-3, 5. Чешка 1-4, 6. Романија 0-5

Д група:

Русија-Велика Британија 82:70
Белгија-Србија 54:74
Летонија-Турција 89:79

Табела: 1.Србија 4-1, 2. Латвија 4-1, 3. Русија 4-1, 4. Турција 2-3, 5. Белгија 1-4, 6. Велика Британија 0-5

Денес на Европското првенство е слободен ден, а викендов ќе се играат осмина-финалните натпревари. Домаќин на нокаут фазата е Истанбул.

Осмина-финални двојки на Евробаскетот:

сабота:

11:00 Словенија-Украина
14:15 Германија-Франција
17:45 Финска-Италија
20:30 Литванија-Грција

недела (сатниците ќе бидат дополнително одредени)
Летонија-Црна Гора
Хрватска-Русија
Србија-Унгарија
Шпанија-Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Индијана го совлада Њујорк и закажа „мајсторка“ за пласман во конференциското финале

Индијана со 116-103 го совлада Њујорк и изедначи на 3-3 во полуфиналната серија на истокот…