Дома Фудбал Лига на шампиони Еве што не треба да прават навивачите на Ливерпул во Неапол ако сакаат да бидат безбедни

Еве што не треба да прават навивачите на Ливерпул во Неапол ако сакаат да бидат безбедни

Правилата се навистина строги, ќе се придружуваат ли?

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во пресрет на утрешниот натпревар помеѓу Наполи и Ливерпул на „Сан Паоло“, домаќините ги предупредија гостите што не смеат да прават доколку сакаат да останат безбедни.

„Навивачите на Ливерпул се советуваат да не одат сами на стадион за да не загрозат својата безбедност. Ги советуваме исто така да не користат метро или некој друг вид на јавен превоз. Во градот да не носат, шалови, маици, дресови или било какви навивачки реквизити кои ќе ги идентификуваат дека се навивачи на „црвените“, стои на сајтот на италијанскиот клуб.

Целта е да се апелира за подобра безбедност на гостинските навивачи, но ова секако не е добро за самиот град Неапол и автоматски го сместува на списокот небезбедни и опасни градови во Италија.

Навивачите на Наполи секако се жестоки, но сите знаеме и дека англиските навивачи не се баш најмирни, па останува да видиме што ќе се случува пред утрешниот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сеирџиите ги дочекаа своите „пет минути“: Направија пародија од легендарната фотографија на Меси и Јамал (Видео)

Не помина долго време по финалниот натпревар на Светскиот куп, а интернетот веќе беше преп…