Дома Фудбал Италија Еве што Монтела му кажал на Бонучи после натпреварот

Еве што Монтела му кажал на Бонучи после натпреварот

„Росонерите“ доживеаа дебакл на „Олимпико“, Лацио одигра фантастичен натпревар и го „понижи“ клубот кој потроши најмногу ова лето…

Поразот во Рим од 4:1 беше и прв за Милан во новата сезона, Чиро Имобиле си поигруваше со одбраната на „росонерите“ и успеа да постигне хет трик.

Навивачите се незадоволни, токму од ова стравуваа, Милан славеше против Крајова и Шкендија во квалфикациите од Лигата на Европа, како и против Кротоне и Каљари во првенство, но кога на ред дојде првиот посериозен испит, следуваше дебакл.

Поголемиот дел од незадоволните навивачи на италијанскиот гигант „прстот го насочуваат“ кон слабиот настап на Леонардо Бонучи, најголемото засилување на клубот од „Сан Сиро“ минатото лето.

Поранешниот дефанзивец на Јувентус не беше на своето ниво, а навивачите на Јувентус веќе започнаа да го „понижуваат“ со зборовите дека сега ги нема Брзаљи и Киелни да го покриваат и да ги поправаат неговите грешки.

Сепак, Монтела после натпреварот откри дека разговарал со искусниот дефанзивец и му ставил до знаење дека целиот клуб стои зад него и дека нема никакви причини за грижа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…