Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Шангај.
По пресврт Новак го совлада младиот Чех Јакуб Меншик во сетови со 2:1, а веќе утре го чека борба за пласман во големото финале и шанса да ја освои јубилејната 100-та титула во кариерата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Противник на српскиот тенисер ќе биде Американецот Тејлор Фриц, седмопласиран во светот, а нивниот меч се игра в сабота од 13 часот по српско време.
Ѓоковиќ и Фриц имаат богата историја на меѓусебни дуели, а нашиот тенисер ги доби сите претходни девет пресметки со Американецот.