Дома Фудбал Англија Еве кога најрано може да заврши Премиер лигата

Еве кога најрано може да заврши Премиер лигата

Вчера фудбалските раководители и клубовите во Англија донесоа одлука повторно да го одложат остатокот од сезоната и со сигурност нема да има натпревари до 30-ти април.

Во случај да не дојде до ново одложување, тоа значи дека првенството може да продолжи на 2-ри мај, сабота. Потоа, ако се врви според планот, првенството може да заврши најрано до 12-ти јули.

Почетокот на следната сезона пак е одреден за 8-ми август, меѓутоа продолжувањето на актуелната сезона може да наложи за пролонгирање на почетокот на следната сезона.

Готово сите натпревари до крајот на сезоната ќе се играат без публика. Меѓутоа, во моментов сето ова е во сверата на претпоставка, бидејќи се завиди од тоа кога ќе се создадат услови за продолжување на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Премиер лигата жестоко за Манчестер Сити: „Ова е најзначајниот дисциплински случај во историјата“

Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, даде остар коментар по одлуката на н…