ПСЖ синоќа на „Паркот на принцовите“ го победи Дижон со убедливи 8:0 во 21. коло од француското првенство. Во центарот на вниманието повторно беше Нејмар, кој постигна четири гола.
Во исто време, Бразилецот го навлече сиот без на голем број луѓе, бидејќи го спречи својот соиграч Едисон Кавани да стане дел од историјата на клубот. Имено, Уругваецот постигна еден гол на овој натпревар и така го стигна Златан Ибрахимовиќ кој е на чело на вечната листа на стрелците на „Светците“. Тоа му беше 156. гол во дресот на ПСЖ и на дуелот против Дижон можеше да влезе во историајта. Можеше тоа да се случи во 83. минута, но…
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тогаш судијата досуди пенал за домаќините, топката ја зеде Нејмар, кој многумина после тоа го обвинија за себичен. Бразилецот не обрнуваше внимание на тоа, ниту се грижеше за рекордот на Кавани, го реализира пеналот и така по четврти пат се запиша во листата на стрелци.
Навистина најскапиот играч во историјата на фудбалот го спречи Кавани да стане недопирлив, но тој не му се налути. Барем не јавно, му честиташе, иако и самиот беше свесен што би му донел тој гол. На рекордот сега ќе мора да почека.