Очите на љубителите на тенисот од денеска ќе бидат вперени во Њујорк, каде ќе започне УС Опен, последниот Грен слем турнир во сезоната.
Првиот, Австралија опен, го освои Јаник Синер, а потоа Карлос Алкараз славеше на Ролан Гарос и Вимблдон. Новак Ѓоковиќ е бранител на титулата во Њујорк, а оваа година освои само еден турнир, олимпискиот во Париз кој за него беше и најважен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред самиот почеток на УС Опен беше објавена и најновата АТП листа.
Новак Ѓоковиќ кој за многумина по играта која ја покажа во Париз е прв фаворит турнирот го дочекува од втората позаиција. Пред него е само Италијанецот Јаник Синер.
Синер, кој во Њујорк пристигна по допинг скандалот кој беше актуелен овие денови, убедливо води на листата со 9.360 бодови, додека Ѓоковиќ има 7.460. Алкараз е многу блиску со само 100 бода помалку.
Во топ 10 се уште: Александар Зверев, Данил Медведев, Андреј Рубљев, Хуберт Хуркач, Каспер Руд, Григор Димитров и Алекс де Минор.