Дома Фудбал Италија Еве зошто судијата мораше да го исклучи Томори кога веќе досуди пенал

Еве зошто судијата мораше да го исклучи Томори кога веќе досуди пенал

Вчера Милан го пречека Челзи на „Сан Сиро“, а на крајот славеа „сините“ со 0:2, сепак најмногу што се коментира после натпреварот е судењето на главниот судија Даниел Зиберт.

Фановите на Милан се посебни бесни за исклучувањето на Томори во 18. минута. Томори беше невнимтален во својот шеснаесетник и направи пенал од кој Жоржињо го доведе Челзи во водство. Подоцна Обамејанг ги постави конечните 0:2.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Одлуката да го исклучи Томори и да досуди пенал предизвика бурни реакции, меѓутоа изгледа дека Зиберт само ги следел правилата и постапил според нив.,

Пред неколку години правилата беа променети и играчите кои ќе спречат чиста шанса за гол и ќе направат пенал ќе бидат исклучени во сите други ситуации (влечење, туркање..) освен ако не се обидуваат да стигнат до топката.

„Кога играчот прави прекршок во шеснаесетникот и спречува шанса за гол и судијата досудува пенал играчот добива опомена ако се обидел да игра со топката во сите други ситуации мора да биде исклучен“, стои во правилата на ИФАБ.

Така кога Зиберт веќе покажа пенал, правилно беше и да го исклучи Томори затоа што не се обидуваше да дојде до топката туку имаше само контакт со играчот. Сепак, останува отворена дискусиајта дали влечењето беше доволно за најстрога казна…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…