„Карамелите“ избраа тренер за натпреварот против Челзи во Лига купот.
Дајвид Ансворт е именуван за привремен менаџер на Евертон на местото на Роналд Куман, на еден ден пред важниот натпревар против Челзи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Куман во текот на вчерашниот ден заработи отказ после серијата очајни резултати и ужасниот пласман на клубот кој се наоѓа во зоната на испаѓање.
Ансворт втор пат во својата кариера ќе биде привремен менаџер на овој клуб бидејќи на сличен начин го предводеше тимот на еден натпревар во 2016 година во последното коло против Норвич.
Иначе, Ансворт е тренер на резервниот тим, добро го познава клубот и нивната филозофија, но тешко дека ќе биде избран за тренер кој би го водел клубот на подолг период, па така до крајот на неделата се очекува на клупата на Евертон да седне некое големо тренерско име.
Everton can confirm David Unsworth will take temporary charge of the Everton first team, commencing with tomorrow night's @Carabao_Cup tie. pic.twitter.com/vyiEXZDZvI
— Everton (@Everton) October 24, 2017