Како е да се биде со семејството за време на празниците, а вашиот клуб игра редовно коло? Дури 30 премиерлигашки фудбалери си го подготвија теренот за суспензија и пропуштање на тие натпревари.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Така новинарите во Англија открија дека дури 30 фудбалери имаат четири жолти картони и следниот викенд судејќи по се, „случајно“ ќе ги добијат „петтите“ жолти картони, што ќе им донесе суспензија, односно одмор за време на празниците.
Кај Манчестер Сити таа привилегија би можеле да ја искористат Сане, Фернандињо и Компани, а кај Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг, Херера и Маркос Рохо.
Во Арсенал од суспензија „стравуваат“ Алексис Санчез и Гранит Џака, а кај Тотенхем Хари Кејн и Фертоген.
