Дома Останати Кошарка Дурант и Томпсон блескаа во поразот на Вориорси, Ембид до дабл-дабл со 35 поени (ВИДЕО)

Дурант и Томпсон блескаа во поразот на Вориорси, Ембид до дабл-дабл со 35 поени (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни девет натпревари.

Најинтересно беше во натпреварот помеѓу Лос Анџелес Клиперси и Голден Стејт каде што славеа домаќините после продолженија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клиперси беа подобри од бранителот на шампионскиот прстен со 121:116. Клучен играч во победата на Лејкерси беше искусниот Лу Вилијамс кој ги постигна последните 10 поени во продолжението.

Натпреварот Вилијамс го заврши со 25 поени, со 14/14 од линијата за слободни фрлања.

Монтерез Херел имаше ефикасна вечер зад себе и беше втор најефикасен со 23 поени, Глигоус-Александер додаде 18, Херис 17, Галинари 14…

Во редовите на Голден Стејт во отсуство на Кари блескаа Кевин Дурант и Клеј Томпсон кои заедно уфрлија 64 поени (Дурант 33, Клеј 31), сепак тоа не беше доволно за да стигнат до победа.

Изненадувачки беше и поразот на Торонто против Њу Орлеанс со 110:126 . За Рапторси ова беше само втор пораз. Најдобри во редовите на Њу Орлеанс беа Мур со 30 поени, Холидеј со 29, додека Ентони Дејвис стигна до дабл-дабл со 25 поени и 20 скокови.

Далас Маверикс на гостински терен го совлада Чикаго со 98:103. Маверикс овој пат беа предводени од Барнес со 23 поени, една асистенција и пет скокови, Бареа уфрли 14, Смит 11 колку што имаше Лука Дончиќ (3 асистенции, шест скокови).

Џоел Ембид имаше одлична вечер во победата на Филаделфија против Мајами (114:124) и стигна до учинок од 35 поени, 18 скокови и три асистенци, следуваше Редик со 22 поени. Во редовите на Мајами најефикасен беше Србинот Драгиќ со 22 поени.

Сакраменто славеше против Сан Антонио со 104:99, а најрасположен во редовите на домаќинот беше Богдановиќ кој уфрли 22 поени, Дерозан во спротивниот табор уфрли еден повеќе.

НБА резултати

Вашингтон – Орландо 117:109

Мајами – Филаделфија 114:124

Торонто – Њу Орлеанс 110:126

Чикаго – Далас 98:103

Мемфис – Јута 88:96

Минесота – Бруклин 120:113

Оклахома – Феникс 118:101

Сакраменто – Сан Антонио 104:99

Лос Анџелес Клиперс – Голден Стејт 121:116 (после продолженија)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…