Дома Останати Кошарка НБА Дурант го прескокна Картер, Бруклин славеше со Индијана, Харден расположен за асисттенции 🎥

Дурант го прескокна Картер, Бруклин славеше со Индијана, Харден расположен за асисттенции 🎥

Изминатата вечер Бруклин славеше против Индијана со 116:109 и ова за Нетси беше втора победа во седум одиграни натпревари сезонава.

Овој натпревар ќе го памети Кевин Дурант кој постигна 36 поени и така го прескокна Винс Картер на вечната листа на најдобри стрелци во НБА лигата. Индијана постојано бркаше резултат, изедначи на 100-100, а тогаш пресуди индивидуалниот квалитет на Нетси. Кајри Ирвинг на оваа средба постигна 28 поени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличен настап изминатата вечер имаше и Џејмс Харден кој така го надополни отсуството на Ембид. Сикерси славеа против Вашингтон на гостински терен со 111:118. Харден мечот го заврши со 23 поени и 17 асистенции. Филаделфија така се врати на 50% успешност. Макси уфрли 28 поени, додека на другата страна Порзингис имаше 32 поени, Бил 19.

Дојде крај на серијата од четири порази на Клиперси. Пол Џорџ со 35 поени го предводеше својот тим, а освен тоа беше вистински херој во последните моменти. Прво погоди тројка, потоа ја украде топката на Гордон при резултат 93:93. По повиканиот тајм-аут погоди и за победа.

НБА: Шарлот – Сакраменто 108-115, Вашингтон – Филаделфија 111-118, Бруклин – Индијана 116-109, Торонто – Атланта 139-109, Милвоки – Детроит 110-108, Јута – Мемфис 121-105, ЛА Клиперс – Хјустон 95-93.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…