Дома Останати Кошарка НБА Дурант ги уништи Детроит со 51 поен, трипл-дабл на Леброн, победа на Далас и без Дончиќ

Дурант ги уништи Детроит со 51 поен, трипл-дабл на Леброн, победа на Далас и без Дончиќ

Интересни дуели беа видени и изминатата вечер во НБА лигата.

Далас без Лука Дончиќ успеа да дојде до победа, Дончиќ не беше во составот поради повредата на левиот скочен зглоб. На паркетот Словенецот достојно беше заменет од Џејлен Брунсон кој постигна 18 поени и реализираше девет сока. Далас славеше против Оклахома со 103:84.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Вечерта ја обележа Кевин Дурант кој уфрли дури 51 поен во победата на Бруклин против Детроит. Дурант имаше 10 обиди за тројки, а реализираше пет, одличен беше и во слободните флрања со реализација 14 од 15.

Леброн Џејмс со трипл-дабл ги предводеше Лејкерси до победа дома против Орландо. Лејкерси славеа со 106:94, а Леброн го заврши мечот со 30 поени, 10 асистенции и 11 скока. Ентони на спротивната страна беше најефикасен со 21 поени, 6 скока и 5 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

 Њујорк – Милвоки 97:112

Детроит – Бруклин 104:116

Оклахома – Далас 84:103

Сан Антонио – Њу Орлеанс 112:97

Портланд – Минесота 111:116

ЛА Лејкерс – Орландо 106:94

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

„Бомба“: Бензема може да потпише за Фенербахче

Карим Бензема после една година помината во Саудиска Арабија би можел да се врати во Европ…