Во летниот преоден рок во центарот на вниманието ќе бидат фудбалерите на кои им истекува договорот и ќе бидат слободни агенти.
Многу европски ѕвезди се влезени во последната година од договорот, па веќе можат да преговараат со заинтересираните клубови и да потпишат претдоговор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од фудбалерите кои ќе бидат слободни агенти може да се направи „дрим-тим“, кој сигурно би доминирал и во Лигата на шампиони.
Нападот го сочинуваат, Луис Суарес, Осман Дембеле и Килијан Мбапе, а ништо послаб не е ниту средината каде што играаат Паоло Дибала, Лука Модриќ и Пол Погба.
На голот е Сем Џонстон, додека во одбраната се Антонио Рудигер, Џезар Аспиликуета, Николас Зуле и Хуан Квадрадо.