Дома Останати Кошарка Дрим тимот сепак пресилен за Орлите

Дрим тимот сепак пресилен за Орлите

Американскиот кошаркарски тим беше преголем залак за Србија па финалето од ОИ наликуваше на игра „мачка и глушец“.

Само првата четвртина од средбата беше рамноправна, Србите имаа и предност од 3 поени, но на крајот од периодот се замина со 19:15 за САД. И тогаш почна американската машина да меле, а Орлите влегуваа од грешка во грешка, па на полувремето САД имаше +23, односно резултатот беше 52:29..


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


И во третиот дел продолжи истата песна, Дјурант беше неприкосновен во шутот, Србите индиферентни под кошевите и во еден момент се достигна предност од 40 разлика. Во последната четвртина селекторот Кжижевски му даде шанса и на оние кошаркари кои немаа голема минутажа, па на крајот Србите успеаја да се доближат до 30 разлика 96:66.

Така САД по 15-ти пат освои олимписко злато од 18 учества и го испрати на најдобар можен начин тренерот Мајк Кжижевски, за кого ова беше последен турнир. На негово место ќе застане Грег Поповиќ.

Дурант постигна 30 поени за Американците, додека за Србија Недовиќ беше најпрецизен со 14.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Миланско дерби за „нвиот Неста“

Дефанзивецот на Торино, Алесандро Бонџорно е на трансфер листата на миланските гиганти Мил…