Кошаркарите на САД го освоија златото откако во финалето ја победија Франција со 87:82.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Четврти пат во низа Американците го освојуваат златото и на овој начин им се одмаздија на Французите за поразот на стартот од турнирот.
Франција подобро го отвори мечот поведе со 12:6, но САД до првата пауза ги сврте работите во своја корист и водеше со 12:18.
Со одличната втората четвртина американските кошаркари одат на плус 13, но Французите успеаа да дојдат на пристојни минус пет пред крајот на полувремето.
Потоа избраниците на Грег Попович направија и максимани 14 поени предност. Французите во последните 10 минути успеаа да се вратат на три поени заостанување, но до пресврт не можеа.
Дурант ги предводеше Американците со 29 поени, Тејтум додаде 19, Холидај и Лилард по 11. Кај Франција Фурнирер и Гоберт уфрлија по 16, Јабуселе 13, Де Коло 12 поени…