Дома Фудбал Англија Драма во Премиер лигата: Челзи водеше 0:3 против Лутон и малку фалеше да не победи!

Драма во Премиер лигата: Челзи водеше 0:3 против Лутон и малку фалеше да не победи!

Супер интересен и возбудлив натпревар во рамките од 20-тото коло денес од 13:30 часот одиграа екипите на Лутон и Челзи, а на крајот Челзи успеа да слави со 2:3.

Челзи го започна сигурно натпреварот и ништо не најавуваше дека ќе имаме драматична завршница. Палмер по само 12 минути игра го доведе тимот на Покетино во водство, а во 37-та минута Мадуеке со еден одличен гол зголеми на 0:2.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На пауза Челзи замина со таа предност, а на 20-тина минути пред крајот Палмер го постигна својот втор гол за веќе убедливи 0:3. По тој, гол како да дојде до опуштање во редовите на „сините“ па до крајот малку фалеше да не победат.

Се започна со голот на Адебајо во 74. минута кој беше поништен поради офсајд. Набрзо само шест минути подоцна Лутон постигна гол за 1:3. Треба да се каже и дека во овој период гледавме комплетна офанзива на домаќините, се редеа шанси пред голот на голманот Петровиќ, а двапати се тресеше и гредата од неговиот гол.

Во 86-тата минута Лутон дојде до 2:3, стрелец беше Адабајо. Не можеше никако Челзи да се соземе видовме уште три-четири добри прилики, но сепак Челзи се извлече и да ги освои трите бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новинар на „Марка“ го откри планот на Модриќ – може да се случи пресврт!

Кога Лука Модриќ во јули оваа година го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една сез…