Дома Фудбал Останато Драма во БиХ: Навивачите на Сараево ги нападнаа Велкоски и соиграчите!

Драма во БиХ: Навивачите на Сараево ги нападнаа Велкоски и соиграчите!

Голема драма се случувало утрово на тренингот на Сараево во тренинг центарот на овој тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски кој е капитен на Сараево заедно со соиграчите биле нападнати од фановите. Во целиот хаос најлошо поминале Хоџиќ и Јукиќ кои заработиле повреди.

Драмата траела неколку часа, интервенирала и полицијата која ги изнесувала играчите надвор од тренинг центарот. Како што пишуваат медиумите во Босна последен тренинг кампот го напуштил токму нашиот Велкоски.

До инцидентот дошло откако Сараево вчера и дефинитивно ја изгуби трката за титулата во БиХ од Борац Бања Лука. Навивачите се гневни затоа што клубот испушти 13 бодови предност кои ги имаше во еден момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Суарез брутално искрен: Кејн е подобар од Халанд!

Поранешниот напаѓач на Барселона и еден од најдобрите голгетери во последните две децении,…