Дома Останати Драмата во Брисел: Полицијата среде ноќ ги извлекуваше навивачите од стадионот, убиецот утрово застрелан

Драмата во Брисел: Полицијата среде ноќ ги извлекуваше навивачите од стадионот, убиецот утрово застрелан

Натпреварот помеѓу Белгија и Шведска кој се играше во рамки на квалификациите за Европското првенство не го дочека својот крај бидејќи фудбалерите на Шведска одбија да излезат на теренот во второто полувреме поради убиството на двајцата Швеѓани во Брисел.

Навивачите на Шведска биле убиени од терорист кој според последните информации по долгата потрага утрово бил застрелан од полицијата и пренесен во болница.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради тоа што навивачот беше на слобода, полицијата вчера не дозволуваше навивачите да го напуштат стадионот, а сите таму останаа до доцните ноќни часови.

Евакуацијата според информациите на белгиските медиуми започнала на полноќ и сето тоа наликувало на воена операција. Напаѓачот кој утрово беше „неутрализиран“ се претстави како член на ИСИС.

При прекинот резултатот на натпреварот Белгија – Шведска беше 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Шокантно тврдење: Алкараз намерно губел гемови

Поранешниот сопственик на неколку обложувалници во Русија, Михаел Салцман го обвини шпанск…