Џенаро Гатузо секогаш зборуваше без влакна на јазикот и важи за човек кој ќе направи се за да дојде до победа. Таков беше како играч, а таков е сега и како тренер. А добро е познато и дека Алекандар Коларов не се дава себеси.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Таквите двајца јунаци се намерија еден на друг вчера вечер на стадионот „Олимпико“ каде Рома го пречека Милан. „Росонерите“ славеа со 2:0, а камерата забележа некој вид на вербален дуел помеѓу српскиот фудбалер и тренерот на Милан.
Траеше тоа триесеттина секунди, па на крајот мораше да се вмеша и главниот судија Паоло Мацолени за да ги смири страстите, а играта продолжи.
Сепак, двајцата нешто подоцна покажаа дека немало замерки и спортски се поздравија во духор на фер плејот.