Дома Фудбал ДОЈДЕ СО ЕВРОПСКА ТИТУЛА ВО ЏЕБ: Се сеќавате на песната на Наполитанците за Пандев? (ВИДЕО)

ДОЈДЕ СО ЕВРОПСКА ТИТУЛА ВО ЏЕБ: Се сеќавате на песната на Наполитанците за Пандев? (ВИДЕО)

Горан Пандев е вистинска фудбалска икона и не само кај нас, туку и во Италија, тоа е добро познато и не треба да се трошат многу зборови.

Скоро цела кариера Пандев ја помина на „Чизмата“ каде што настапува денес и го носи дресот на Џенова. Помеѓу останатите клубови во Италија нашиот капитен го носеше и дресот на Наполи.

За Наполи настапуваше од 2011 до 2014 година, дојде после освојувањето на европската титула со „нероаѕурите“. Во Неапол во тоа време играа Кавани, Лавеци и Хамшик кои беа вистински миленици на навивачите, меѓутоа многу брзо и Пандев ги освои срцата на Наполитанците.

Доказ за тоа е песната која ја напиша пеачот и навивач на Наполи, Алберто Качија. Песната го носи името „Pandemonio sarà“. Слушнете како Наполитанците го опишуваат Пандев, во видеото поставен е и превод на македонски јазик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…