Дома Топ вести Досега никој не беше блиску, веќе не е така: Меси може да го сруши и Пеле!

Досега никој не беше блиску, веќе не е така: Меси може да го сруши и Пеле!

До неодамна изгледаше како невозможна мисија бидејќи ниту еден играч не беше блиску до рекордот кој го држи легендарниот Пеле. Но, сега веќе не е така – уште на крајот на оваа сезона Меси може да го сруши големиот рекорд на Пеле.

Бразилецот Пеле кариерата ја заврши 643 гола за еден клуб (Сантос) и за тоа му беа потребни 18 години. Тој рекорд досега не беше под закана. Најблиску беше Герд Милер, германскиот голгетер за 15 години поминати во Баерн постигна 565 гола.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Но изреката како вели – никогаш не вели никогаш. Се појави Меси! Аргентинскиот ас вчера го постигна првиот гол за Барселона оваа сезона. Тој негов гол беше 604-ти во дресот на Барселона. Значи за рекордот на Пеле му недостасуваа 39.

Ако земеме во предвид дека Меси десет сезони постигнува 40 или повеќе голови тогаш можеме да кажеме дека блиску сме до тоа рекордот на Пеле да падне на крајот на оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пиоли добива отказ. Милан бира помеѓу овие пет тренери

СТЕФАНО ПИОЛИ ќе биде тренер на Милан само до крајот на сезоната, по што ќе добие отказ, п…