Дома Фудбал Германија Дортмунд вклучи 15-годишен „вундеркинд“ во составот за ЛШ

Дортмунд вклучи 15-годишен „вундеркинд“ во составот за ЛШ

Борусија Дортмунд го вклучи 15-годишниот Јусуф Мукоко во составот за Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот напаѓач веше вклучен во Б списокот во кој се наоѓаат млади фудбалери од школата на клубот.

Натурализираниот Камерунец се смета за еден од најголемите таленти во светот. Уште на 12-годишна возраст тој играше за тимот до 17 години за „милионерите“.

Во последната сезона тој беше најдобар стрелец во Германија за тимови до 19 години со 34 гола на 20 натпревари, а притоа имаше и 10 асистенции.

Мукоко ќе добие дозвола да дебитира за Борусија Дортмунд после 20 ноември кога ќе наполни 16 години, а клубот на него ќе смета и во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…