Шкендија ова лето се засили со Љупче Дориев кој пристигна од Академија Пандев како еден од најдобрите поединци во ПМФЛ.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Уште на дебито Дориев покажа дека ќе биде големо засилување за клубот од Тетово. Во изјава за клупскиот сајт Дориев го најави мечот од квалификаците во ЛЕ и истакна задоволство од неговото деби во кое постигна гол и запиша асистенција.
„Во европските натпревари не можеме да очекуваме лесни противници. Ние во првото коло ќе играме против Сумгаит, екипа која не е наивна. Тие се избориле за излез во Европа преку првенството на Азербејџан и тоа треба да се почитува. Сепак, јас верувам дека можеме да победиме и да одиме во следната фаза“.
За дебито против Шкупи кое заврши без победник 2:2.
„Задоволен сум од дебито. Меѓутоа голот и асистенцијата веднаш би ги заменил за трите бода. Бевме блиску до победата и ја заслуживме според играта и шансите. Мојот личен учинок ме мотивира и очекувам да играм уште подобро“, изјави Дориев.