Дома Фудбал Англија Дополнителен проблем за Јунајтед, Мурињо може да го пропушти Челзи? (ВИДЕО)

Дополнителен проблем за Јунајтед, Мурињо може да го пропушти Челзи? (ВИДЕО)

Жозе Мурињо е казнет од страна на англискиот фудбалскиот сојуза поради користење вулгарности во натпреварот во кој неговиот Манчестер Јунајтед направи пресврт против Њукасл минатиот викенд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот на „црвените ѓаволи“ бурно реагираше откако Манчестер Јунајтед се врати од негатива од 2:0 и славеше со 2:3. На тој начин Мурињо доби на време со оглед на тоа дека со недели наназад се зборуваше за негов отказ на клупата на англискиот гигант.

Откако ФА направи истрага, донесена е конечна одлука и одлучено е Мурињо да биде казнет за неспортско однесување. Португалецот има право на жалба до 19 октомври, а доколку истата биде потврдена може да го пропушти натпреварот против Челзи кој се игра идната сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Несекојдневен потег по испаѓањето од Светското првенство: Претседателот на државата нареди итна истрага!

За некого Светското првенство испишува прекрасни, историски приказни, но не секој има таа …