Дома Топ вести „Дон Балон“ тврди: Гризман и поставил услов на Барселона!

„Дон Балон“ тврди: Гризман и поставил услов на Барселона!

Според пишувањето на „Дон Балон“ напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман сака што побрзо да ја реши својата иднина.

Откако Барселона веќе неколку пати истакна интерес за неговите услуги, но конкретна понуда немаше. Сега, наводно Французинот сам ги контактирал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што наведува шпанскиот медиум, Гризман до Барслеона порачал дека очекува да платат 100 милиони евра, колку и што изнесува неговата клазула или во спротивно ќе отвори преговори со Манчестер Јунајтед.

Договорот на Гризман со Атлетико има важност до 2022 година, но наводно тој не е задоволен во Мадрид и со задоволство би го променил клибот. Оваа сезона и не во најдобра форма, на 16 натпревари тој постигна само шест погодоци и пет пати асистираше.

„Дон Балон“ исто така наведува дека доколку Барселона не го доведе Гризман, негови алтернативи би биле напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, Хесус од Манчестер Сити и капитенот на Интер, Мауро Икарди, но сето тоа во овој момент е само во рамките на шпекулациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…