Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ ја доби пресметката со Јокиќ, Симонс ѕвезда на вечерта 🎥

Дончиќ ја доби пресметката со Јокиќ, Симонс ѕвезда на вечерта 🎥

Koшаркарите на Далас заиграа на домашен терен после пет гостувања во низа и славеа со 103:89 против Денвер пред полните трибини во Американ Ерланјнс центарот.

Лука Дончиќ после паузата од неколку недели поради коронавирусот и повредата на левиот зглоб покажа желба за игра. Словенецот беше најдобар на теренот и дојде до нов „трипл-дабл“ и средбата ја заврши со 21 поен, 15 асистенции и 8 скока. Во редовите на Денвер најдобар беше Никола Јокиќ со 27 поени и 16 скока.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вечерта ја обележа 22 годишниот Анферни Симонс од Портланд кој успеа да постигне 43 поени против Атланта. Портланд го доби тој натпревар со 136:131 и ја прекина серијата од четири порази.

Шампионот Милвоки пред своја публика запиша пораз од Детроит со 106:115. За победа на Бакси не беа доволни ниту 31 поен на Антетокумпо. Кај Детроит одличниот Беј средбата ја заврши со 34 поени и 8 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Далас – Денвер 103:89

Филаделфија – Хјустон 133:113

Вашингтон – Шарлот 124:121

Бруклин – Мемфис 104:118

Чикаго – Орландо 102:98

Милвоки –  Детроит 106:115

Њу Орлеанс – Јута 104:115

Голден Стејт – Мајами 115:108

Портланд – Атланта 136:131

ЛА Клиперс – Минесота 104:122

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…