Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ „фати“ 40-ка за победа на Далас со Клиперс, трипл-дабл за Харден и Јокиќ 🎥

Дончиќ „фати“ 40-ка за победа на Далас со Клиперс, трипл-дабл за Харден и Јокиќ 🎥

Изминатата вечер беше интересно во НБА лигата каде што се одиграа 10 натпревари.

Лука Дончиќ продлжи да прикажува блескави настапи. Во победата на Далас против Ла Клиперс со резултат 105:89, Дончиќ постигна 42 поени и додаде уште шест скока и девет асистенции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денвер дојде до победа против Шарлот со резултат 129:104. Најрасполжен кај Денвер беше Портер кој постигна 28 поени и додаде 13 скокови. Никола Јокиќ имаше солидна вечер во која запиша нов трипл-дабл од 12 поени и по 10 скокови и асистенции.

До трипл-дабл учинок стигна и Џејмс Харден кој го водеше Бруклин до триумф против Инидијана (115:124). Харден натпреварот го заврши со 40 поени, 10 скокови и 15 асистенции.

Драма беше видена во Вашингтон каде што Визардси со 119:121 беа поразени од Сакраменто. Бил со 29 поени беше прво име во тимот на Вашингтон додека Фокс со 28 поени беше најрасположен кај Кингси.

Треба да се издвои и Полвел кој постигна 43 поени за Торонто против Детроит. Сепак, тоа не беше доволно затоа што Пистонси го добија мечот со 116:112. Беј во редовите на победничкиот тим стигна до дабл-дабл од 28 поени и 12 скокови.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроиот – Торонто 116:112, Индијана – Бруклин 115:124, Филаделдија – Милвоки 105:109, Вашингтон – Сакраменто 119:121, Чикаго – Сан Антонио 99:106, Кливленд – Бостон 117:110, Хјустон – Голден Стејт 94:108, Денвер – Шарлот 129:104, Мемфис – Мајами 89:85, Далас – Клиперс 105:89.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…