Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ скромен, 50-ка на Браун, Лејкерси до победа 🎥

Дончиќ скромен, 50-ка на Браун, Лејкерси до победа 🎥

Словенецот Лука Дончиќ се врати на терените после три недели. Дончиќ беше надвор прво поради повреда, а потоа и се зарази со коронавирусот.

Беше Дончиќ блиску до трипл-дабл, но сепак имаше скромни бројки во победата на Далас над Оклахома од 95:86.  Фантастична вечер имаше дебитантот Џош Гиди кој со трипл-дабл го сруши рекордот на Ламел Бол како најмлад играч со трипл-дабл учинок.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гиди постигна 17 поени, 14 асистенции и 13 скока со 19 години и 84 дена. Дончиќ натпреварот го заврши со 14 поени, 9 скока  и 19 асистенции.

Џејлен Браун стана само третиот играч оваа сезона кој постигнал 50 поени во НБА, пред него тоа го направија Стивен Кари и Кевин Дурант. Браун дури 21 од 50. поени постигна во четвртата четвртина во која Селтикси ја надополнија негативата на Орландо.

Лејкерси успеаа да слават над Минесота со 108:103. Леброн Џејмс постигна 26 поени. Треба да се спомене откако Џејмс ја презема улогата на центар Лејкерси победија на три од четири натпревари со прекин на црната серија од пер потази.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Торонто – Њујорк 120:105

Бостон – Орландо 116:111 (пр.)

Кливленд – Индијана 108:104

Сакраменто – Мајами 115:113

Оклахома Сити – Далас 86:95

Шарлот – Феникс 99:133

ЛА Лејкерс – Минесота 108:103

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Уште еден интересен викенд е пред нас – ќе гледаме и „Ел Класико“! 🎥

Уште малку има до крајот на сезоната. Некаде се знаат шампионите, некаде се уште има борба…