Во изминатата вечер во НБА лигата од повреда се врати Лука Дончиќ.
Одличниот словенски кошаркар пропушти одреден период поради повреда на зглобот, а на паркетот се врати во натпреварот помеѓу Далас и Сакраменто.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мавси лесно дојдоа до победата со резултат 131:111, а Дончиќ беше незапирилив за Кингси. Натпреварот го заврши со 33 поени, 12 скокови и 8 асистенции за 31 минута на паркетот. Покрај Дончиќ одличен беше и Кристап Порзингис кој уфрли 27 поени и имаше 13 скокови. На другата страна Бредли Хил уфрли 22 поени.
Во најинтересниот натпревар во вечерта Лејкерси на гости запишаа триумф против Денвер после продолжение со 120:116. Во навистина одличен натпревар Лејкерси беа за нијанса подобри и до победата стигнаа предводени од својот Ол-Стар тандем.
Ентони Дејвис уфрли 33 поени и имаше 10 скокови, додека Леброн оствари трипл-дабл од 32 поени, 14 асистенции 12 скокови. Кај Наџентси Џамал Мареј уфрли 32 поени и имаше 10 асистенции, Никола Јокиќ натпреварот го заврши со 22 поени и 11 скокови.
НБА резултати:
Кливленд – Атланта 127:105
Орландо – Детроит 116:112 пп
Бруклин – Торонто 101:91
Индијана – Милвоки 118:111
Њујорк – Вашингтон 96:114
Мемфис – Портланд 111:104
Минесота – Шарлот 108:115
Далас – Сакраменто 130:111
Феникс – Голден Стејт 112:106
Јута – Мајами 116:101
Денвер – Лејкерси 116:120 пп