Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ промаши шут за победа, Јанис скромен против Мајами, порази за Милвоки и Далас (ВИДЕО)

Дончиќ промаши шут за победа, Јанис скромен против Мајами, порази за Милвоки и Далас (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни седум натпревари.

Чикаго Булс на свој терен славеше против Далас со 109:107. Првото полувреме им припадна на гостите кои десет поени предност испуштија во катастрофалната трета четвртина во која постигнаа само 17 поени и му дозволија на ривалот да оди на +16.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во последната минута Далас успеа да дојде до половина кош заостанување, а Лука Дончиќ со звукот на сирената промаши тројка за победа. Најдобар кај Булси беше Коби Вајт со 19 поени, 6 скока и 5 асистенции. Тим Хардвеј беше најефикасен на другата страна со 26 поени. Дончиќ постигна 23 поени и додаде уште 9 асистенции и 5 скокови.

Мајами на свој паркет го победи Милвоки со 105:89.

Бакси само три пати кратко успеаа да поведата во првата половина од првата четвртина и ниту еднаш не водеа со повеќе од три поени. Ова за Бакси беше натпревар со најмалку постигнати поени сезонава.

Мајами го контролираше натпреварот и прилично рутински дојде до поеда. Најдобри во Хит беа Џо Краудер и Џими Батлер со по 18 поени. Горан Драгиќ додаде 15 со уште 4 скока и исто толку асистенции. Бам Адебајо запиша 14 поени, 13 скокови и 5 асистенции. Јанис Антетокумпо овој натпревар го заврши со дабл-дабл учинок од 13 поени, 15 скока и 3 асистенции.

НБА резултати:

Кливленд – Јута 113:126

Њујорк Никси – Хјустон 125:123

Орландо – Портланд 107:130

Атланта – Мемфис 88:127

Мајами – Милвоки 105:89

Чикаго – Далас 109:107

Сан Антонио – Индијана 111:116

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Ѓоковиќ ја објасни разделбата со Иванишевиќ: Не знам дали ќе имам нов тренер

Новак Ѓоковиќ во Белград зборуваше за разделбата со Горан Иванишевиќ и истакна дека помеѓу…