Дома Останати Кошарка Дончиќ правеше чуда, но не беше доволно. Бостон поведе со 2:0 во НБА финалето

Дончиќ правеше чуда, но не беше доволно. Бостон поведе со 2:0 во НБА финалето

Бостон Селтикс го одбранија домашниот терен во финалната серија во НБА лигата. Изминатата ноќ, Селтикс ги победија Далас Маверикс со 105:98.

Бостон во серијата води со 2:0 Селтикси деветти пат во историјата го добија првите два натпревари во историјата на франшизата. Во претходните осум серии, кога ги добиле првите две средби никогаш не ја загубиле серијата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


До победата Бостон на овој меч го предводеа Џру Холидеј со 26 поени и 11 скока, Џејлен Браун постигна 21, а Џејсон Тејтум и Дерик Браун додадоа по 18 поени. Тејтум забележа и 12 асистенции и девет скока.

Во тимот на Далас повторно најдобар беше Лука Дончиќ, иако неговиот настап беше под знак прашалник поради повреда. Тој забележа трипл-дабл со 32 поени, 11 скока и 11 асистенции. Кај Далас уште се истакнаа Пи-Џеј Вашингтон со 17 и Кајри Ирвинг со 16 поени.

На Бостон му се потребни уште две победи за да дојде до рекордната 18.титула. Серијата сега се сели во Далас, натпреварот број 3 ќе се одигра ноќта меѓу среда и четврток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Брони Џејмс знаел да игра кошарка: Синот на Леброн блесна и ги замолче критичарите (Видео)

Ова лето НБА драфтот најмногу беше запаметен по Брони Џејмс, кој беше избран како 55-ти пи…