Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ „потфрли“ ама Далас ја прегази Минесота, Денвер и Јокиќ изненадени од Торонто 🎥

Дончиќ „потфрли“ ама Далас ја прегази Минесота, Денвер и Јокиќ изненадени од Торонто 🎥

Далас маверикс стигна до победа против Минесота со 128:108, иако Лука Дончиќ одигра натпревар под своето ниво.

Против Минесота Дончиќ не прикажа игра каква што навикнавме да гледаме од него. Словенецот беше „покриен“ од Кристапс Порзингис кој натпреварот го заврши со 29 поени и девет скока. Дончиќ одигра натпревар во кој постигна 15 поени, поедели четири асистенции и запиша исто толку скока.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Јута џез стигна до убедлива победа против Бруклин со 118:88. За Јута најмногу помогна што кај Бруклин отсуствуваа трите најголеми ѕвезди, Дурант, Ирвинг и Харден. Најефикасен во таборот на Јута беше Донован Мичел со 27 поени, Џонсон со 23 на спротивната страна.

Изненадување е убедливиот пораз на Денвер на гости кај Торонто (111:135). Во овој натпревар потфрлија двајцата најдобри кај гостите. Јокиќ и Џамал Мареј постигнаа по 20 поени. Сиакам и Ануоби со по 27, односно 23 поени беа најефикасни кај противницците.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Индијана – Детроит 116-111, Милвоки – Бостон 121-119, Торонто – Денвер 135-111, Чикаго – Кливленд 94-103, Хјустон – Шарлот 97-122, Минесота – Далас 108-128, Оклахома – Мемфис 107-116, Орландо – Феникс 112-111, Сан Антонио – ЛА Клиперс 101-134, Сакраменто – Атланта 110-108, Јута – Бруклин 118-88.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Италијанците убедени: Се е завршено – Јувентус има нов тренер!

Јувентус пред пет дена одлучи да го отпушти Масимилијано Алегри (56), а негов наследник ка…