Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ подобар од Ирвинг и Дурант, Кари одличен, Клиперси го добија дербито со Лејкерси 🎥

Дончиќ подобар од Ирвинг и Дурант, Кари одличен, Клиперси го добија дербито со Лејкерси 🎥

Изминатата вечер беа одиграни седум натпревар во НБА лигата.

Во еден од поинтересните дуели Далас со 113:109 славеше против Бруклин. Лука Дончиќ така беше поуспешен од Кајри Ирвинг и Кевин Дурант. Словенецот со 24 поени, 10 скокови и 8 асистенции ги преводеше Мавси до уште една важна победа, додека Ирвинг уфрли 45, а Дурант 20. Хардвеј покрај Дончиќ беше најефикасен кај Далас со 23 поени.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стеф Кари одигра уште еден одличен натпревар постигнувајќи 34 поени за Голден Стејт во победата против Оклахома (118:97). Покрај него, Мулдер постигна 25. Жером ги предводеше гостите со 23 поени.

Во „Стејплс центарот“ градското дерби го играа Клиперси и Лејкерси. Славеа Клиперси со 118:94. Кузма со 25 поени не беше доволен за Лејкерси, додека Џорџ уфрли 24 за победничкиот тим, Ленард стигна до 15 поени, 8 скокови и 6 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Чикаго 99:120, Далас – Бруклин 113:109, Торонто – Вашингтон 129:131 (пп), Детроит – Мемфис 111:97, Индијана – Атланта 133:126, Голден Стејт – Оклахома 118:97, Клиперси – Лејкерси 118:94

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…