Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ повторно на +40, пред Словенецот падна и Хјустон (ВИДЕО)

Дончиќ повторно на +40, пред Словенецот падна и Хјустон (ВИДЕО)

Лука Дончиќ одигра уште еден неверојатен натпревар во дресот на Далас Маверикс.

Далас во Тојата центарот го победија домаќинот Хјустон со 137:123, а Лука одново блескаше. Од првата минута Далас водеше. Со тројки ги уништуваа Харден и друштовото, па уште на полувреме заминаа со предност од 18 разлика, 60:78.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


И во продолжение Дончиќ и Далас играа одлично. Хјусон не можеше да пронајде одговор за нивната игра и на крајот мораа да се помират со поразот.

Дончиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок од 41 поени и 10 асистенции, му недостасуваа уште 4 скока за нов трипл-дабл. Зад Словенецот кај Далас Хардвеј уфрли 31 поен и додаде уште 4 скока и 5 асистенции. Во редовите на Хјустон најефикасен беше Харден со 29 поени, осум скока и 11 асистенции, Вестбрук го заврши натпреварот со 27 поени, 5 скока и 6 асистенции.

Во натпреварите кои се играа неколку часа подоцна Брукли славеше на гости кај Никси (101:103), Сакрмаменто запиша триумф во Вашингтон кај Визардс (106:116), Клиперси на свој терен беа подобри од Пеликанс (134:109) и Денвер дома однесе победа во натпреварот со Феникс (116:104).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Без  изненадувања  во Аглија,  Манлестер Сити е шампион🎥

Манчестер Сити не дозволи изненадување  и во последото коло го победи Вест Хем со 3:1за од…