Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ пишува историја – го прескокна Леброн се изедначи со Меџик, Јокиќ солиден со дабл-дабл (ВИДЕО)

Дончиќ пишува историја – го прескокна Леброн се изедначи со Меџик, Јокиќ солиден со дабл-дабл (ВИДЕО)

Koшаркарите на Денвер го надиграа Детроит со 95:92, со одличен учинок на Никола Јокиќ.

Српскиот центар имаше 23 поени и 15 скокови и 2 асистенции за 33 минути поминати на паркетот, а потфрли само во обидите за три поени (0-5), но тоа се надомести со одличната игра и на Мареј.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Во еден момент Јокиќ се истакна и со атрактивно забивање преку Блејк Грифин.

https://www.youtube.com/watch?v=Bm58itf6X6U

Покрај Мареј и Јокиќ, ефикасен беше Џексон со 17 поени. Сега тимот на Денвер е изедначен по учинокот со Голден Стејт со 50:23.

Уште една одлична вечер имаше и Лука Дончиќ.

Дончиќ стигна до неговиот седми трипл-дабл во неговата прва НБА сезона и така стигна до ново достигнување во најсилната кошаркарска лига во светот. Во поразот на Далас од Сакраменто, Дончиќ беше најдобар стрелец (28) и асистент (12), а само неговиот соиграч Поуел имаше повеќе скокови од неговите 12, само еден повеќе.

Словенецот така по бројот на натпревари со трипл-дабл учинок пред американската полнолетност – 21 година го надмина Леброн Џејмс кој до тогаш оствари пет и се изедначи со Меџик Џонсон кој исто така има седум.

Дончиќ Леброн го прескокна во минатиот натпревар „сам“ го победи актуелниот шампион Голден Стејт за сега само два дена подоцна да се изедначи со Меџик.

Дончиќ пред само 27 дена наполни 20 години, а со оглед на тоа дека до крајот на регуларниот дел од сезоната има уште осум натпревари има големи шанси да го помине Меџик и да остане осамен на врвот.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Спарси 125:116

Кливленд – Бостон 106:116

Мајами – Орландо 99:104

Торонто – Чикаго 112:103

Милвоки – Хјустон 108:94

Минесота – Клиперси 111:122

Пеликанс – Атланта 120:130

Далас – Сакраменто 121:124

Денвер – Детроит 95:92

Лејкерси – Вашингтон 124:106

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Англија ја победи Србија, но не прикажа шампионска игра 🎥

Репрезентацијата на Англија ја победи Србија во последниот натпревар од денешната програма…