Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ немаше милост кон тимот на Кокошов, Мичел ја предводеше Јута до голем пресврт (ВИДЕО)

Дончиќ немаше милост кон тимот на Кокошов, Мичел ја предводеше Јута до голем пресврт (ВИДЕО)

Десет натпревари се одржаа НБА лигата во изминатата ноќ.

Далас го победи Феникс со 104:94, а Лука Дончиќ на тимот кој го предводи Игор Кокошков уфрли 30 поени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Феникс нема капацитет за посериозни дострели во НБА, па максимум што можеше да направи беше да парира до третата четвртина, тогаш Далас зачекори кон сигурната победа.

Дончиќ ја потврди класата против поранешниот селектор на Словенија, Барнс додаде 17 поени, додека Ворен уфрли 20 поени.

Од друга страна, Орландо успеа да прокоцка дури 19 поени на гостувањето против Јута и од 53:72 да изгуби со резултат 106:93. Донован Мичел го донесе пресвртот на Јута кој постигна 33 поени, Огастин уфрли 23, Вучевиќ беше на стандардното ниво со 20 поени и осум скокови.

Лејкерси овој пат успеаа да слават и без Леброн. Запишаа победа против Деторит со 113:110. Отсуството на Џејмс го потполни Кајл Кузма со 41 поен.

https://youtu.be/fBtxOWApQTo

Бостон – Индијана 135:108

Вашингтон – Филаделфија 123:106

Бруклин – Атланта 116:110

Хјустон – Милвоки 109:116

Мемфис – Сан Антонио 96:86

Њу Орлеанс – Кливленд 140:124

Далас – Феникс 104:94

Јута – Орландо 106:93

Портланд – Чикаго 124:112

Лос Анџелес Лејкерс – Деторит 113:110

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона и Наполи спремаат голема трампа

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…