Tимот на Лејкерси никако не успева да фати ритам без најдобрите.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Изминатата вечер тие го запишаа 20. пораз, против нив сега славеше Мајами со 110:104. Со овој пораз тие паднаа на петтата позиција на Западната конференција.
Мајами доминираше скоро во текот на целиот натпреварот. Лејкерси се вратија на почетокот на третата четвртина меѓутоа немаа сили за пресврт. Батлер со 28 поени, 5 асистенци и 7 скока беше најрасположен кај победниците, додека на другата Кадвел броеше до 28 поени.
Далас дојде до 29. победа, подобри од Милвоки беа со 115:101. Одново прво име кај Маверикс беше Лука Дончиќ. Дончиќ беше на чекор од нов трипл-дабл, но сепак на крајот го заврши натпреварот со 29 поени, 9 скока и 9 асистенции. Словенецот го следеше Порзингис со 26 поени и 17 скока.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Торонто – Чикаго 113:122, Јута – Портланд 122:103, Сакраменто – Детроит 101:113, Клиперси – Феникс 113:103, Оклахома – Кливленд 102:129.