Никола Јокиќ можеби не доби место на главниот Ол-Стар натпревар, но заедно со Никола Јокиќ кој ќе игра на главниот натпревар добија место да се натпреваруваат во „скилс челенџот“.
Српскиот центар веќе учествуваше на натпреварот во вештини пред две години кога за „влакно“ беше побеен од Кристапс Порзингис. Ќе потсетиме, Јокиќ за главниот натпревар беше избран за резерва од страна на тренерите. Стартната петорка на Западот ќе биде составена од: Стеф Кари, Џејмс Харден, Кевин Дурант, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од друга страна Дончиќ иако доби повеќе од четири милиони гласови (повеќе од него имаше само Леброн) нема да учествува на главниот Ол-Стар натпревар поради малиот број на гласови од играчите и тренерите (му недостасуваа шест гласа).
Словенецот ќе биде учесник на натпреварот за „ѕвезди во подем“ каде што ќе го предводи тимот на светот против Американците.
Освен Јокиќ и Дончиќ на овој „скилс челенџ“ ќе учествува и Црногорецот, Никола Вучевиќ.
„Ол-Стар“ викендот се игра од 15-ти до 17-ти февруари натпреварот во вештини е закажан за 16-ти. Главниот натпревар е оставен за во неделата навечер.
The #TacoBellSkills field at #NBAAllStar #StateFarmSaturday!@mconley11 @luka7doncic @swipathefox #NikolaJokic@kylekuzma @jaytatum0 @NikolaVucevic @TheTraeYoung pic.twitter.com/RQeL0RYT54
— 2019 NBA All-Star (@NBAAllStar) February 6, 2019