Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ и Леброн сами не можат, Јокиќ до дабл-дабл со 17 скока, Гордон го има потегот на вечерта (ВИДЕО)

Дончиќ и Леброн сами не можат, Јокиќ до дабл-дабл со 17 скока, Гордон го има потегот на вечерта (ВИДЕО)

Десет натпревари беа одиграни изминатата ноќ во НБА лигата, а нов пораз запишаа Лос Анџелес Лејкерси.

Лејкерси во „Стејплс центарот“ го пречекаа Денвер и доживеаа пораз со резултат 99:115.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Не можеше Леброн сам во овој натпревар. Наџентси едноставно се поквалитетен тим и тоа го покажаа на паркетот. Ова за Лејкерси беше четврти пораз во низа и сега само чудо може да ги одведе во плеј-офот.

Леброн Џејмс беше најефикасен со 31 поен, седум скокови и седум асистенции, но тоа не беше доволно.

Никола Јокиќ натпреварот го заврши со 12 поени, осум асистенции и дури 17 скока.

https://www.youtube.com/watch?v=Fe4EV2E4nWg

Ниту новиот одличен настап Лука Дончиќ не му помогна на Далас да го избегне поразот кај Вашингтон, 132:123.

Лука играше одлично, имаше 31 поен, 11 скокови и седум асистенции, но Маверикс не играат добро и го запишаа третиот пораз во низа. Домаќините до победата ги предводеше Бредли Бил кој уфрли 30 поени од 19 шута.

Потегот на вечерта го направи кошаркарот на Бостон Гордон Хавард кој со звукот на сирената на својот тим му донесе победа против Сакраменто, 109:111.

НБА резултати:

Шарлот – Мајами 84:91

Детроит – Минесота 131:114

Вашингтон – Далас 132:123

Атланта – Сан Антонио 104:111

Бруклин – Кливленд 113:107

Чикаго – Филаделфија 108:107

Њу Орлеанс – Јута 104:114

Феникс – Њујорк Никси 107:96

Сакраменто – Бостон 109:111

ЛА Лејкерси – Денвер 99:115.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Вегхорст влезе и ја сруши храбрата Полска 🎥

Во првиот натпревар од денешната програма на Европското првенство Холандија славеше против…