Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ и Далас лесно против вицешампионите, 41 поен за Харден во поразот на Хјустон (ВИДЕО)

Дончиќ и Далас лесно против вицешампионите, 41 поен за Харден во поразот на Хјустон (ВИДЕО)

Шест натпревари беа одиграни во НБА лигата во изминатата ноќ, а поголеми изненадувања немаше.

Далас на гости лесно славеше против Голден Стејт со резултат 124:97. Актуелните вицешампиони немаа шанси против Лука Дончиќ и друштвото, па на крајот Мавси запишаа лесен триумф. Двајт Пауел го предводеше Далас со 21 поен, додека Дончиќ уфрли 20 поени.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хјустон на свој терен запиша пораз од Мемфис со резултат 121:110.На Рокетси не им помогнаа ниту 41 поен на Џејмс Харден кој имаше дури 37 шута, на друга страна одличен беше Морант со 26 поени, осум асистенции и пет скока.

Каваи Ленард со 43 поени го предводеше ЛА Клиперси до победа над Кливленд 128:103, додека Хокси на грбот на Трае Јанг (36 поени, 10 асистенции) ги добија Санси со 123:110.

Јаникс Антетокумо постигнувајќи 37 поени и девет скока за само 21 минута на паркетот го водеше Милвоки до победа против Њујорк со 128:102.

Во последниот натпревар Јута на гости го доби Бруклин со 107:118.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…