Лука Дончиќ оваа сезона нема да игра во НБА плје-офот откако Далас одлучи да се откаже од разигрувањето на два натпревари пред крајот на сзоната.
Тренерот Џејсон Кид ги одмараше сите најдобри играчи против Чикаго освен Лука Дончиќ кој ги одигра само првите 12 минути. Тој натпревар маверикс го загубија со 115:112 и така официјално тимот остана без шанси за место во плеј-офот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По натпреварот стратегот на Далас изјави дека тие свесно играле со таков ростер и намерно се откажале од плеј-офот со цел да бидат во подобра позиција за НБА драфтот. Лука Дончиќ потврди дека имало таков договор, но него не му се допаднал.
„Се договоривме, но не ми се допадна“, изјави Дончиќ.
Новинарите го запрашаа и за пишувањата дека барал да замине, словенечкиот кошаркар негираше.
„Прочиотав, но никогаш никаде јас не сум кажал дека сакам да заминам. Среќен сум тука и немам за што да се грижам“, порача Дончиќ.
Сезонава Дончиќ имаше просек од 32.4 поени по натпревар 8.6 скока и 8 асистенции. За него оваа е петта сезона во НБА.