Иако само Леброн Џејмс и Јанис Антетокунпо добија повеќе гласови од навивачите, Лука Дончиќ нема да биде дел од „Ол-Стар“ натпреварот поради малиот број гласови од играчите и тренерите.
Дончиќ во интервју за шпанската „Мовистар+“ зборуваше за разочарувањето од конечното гласови, но и за разликата помеѓу европската и НБА кошарката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тука во НБА е полесно да се постигнуваат поено отколку во Европа. Таму теренот е помалку а овде имаме и правила на одбранбени три секунди. Мислам дека е полесно да се постигнува поени“, објасни Дончиќ.
Леброн Џејмс го спомена како некој играч кој би сакал да го има во неговиот тим.
„Се сеќавам на тоа интервју, тоа беше посебен момент за мене. Прво, само играњето против него беше посебно, а кога го кажа тоа навистина беше нешто уште по посебно“, изјави Словенецот.
Потоа зборуваше за „Ол-Стар“.
„Сакав да одам на Ол-Стар и бев разочаран кога дознав дека нема да учествувам. Важни се луѓето кои гласаа за мене. Тоа навистина ме импресионираше. Следата година можеби ќе добијам прилика“, порача Дончиќ.
Во поглемиот спортски свет преовладува мислењето дека е вистинска неправда што Дончиќ не доби прилика да игра оваа година на главниот натпревар на „Ол-Стар“ викендот.
https://www.facebook.com/MovistarNBA/videos/343805773141407/