Дома Топ вести Донарума не може да си најде клуб: Раиола го нуди на Јувентус за многу помала плата

Донарума не може да си најде клуб: Раиола го нуди на Јувентус за многу помала плата

Иднината на Џанлуиџи Донарума е главна тема на Апенините откако стана јасно дека нема да го продолжи договорот со Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан не сакаше да му даде на Раиола провизија од 20 милиони евра и плата од 10 милиони евра по сезона на Донарума.

„Росонерите“ последно му понудија нов договор со плата од 8 милиони евра, но немаше никаков одговор од Донарума.

Милан го загуби трпението и ангажираше нов голман, Мајк Мањан, па му порачаа на Џиџо слободно да си бара нов клуб.

Сега Донарума е во проблем бидејќи сите големи клубови веќе имаат голмани, па никој не е спремен да му понуди толку голема плата.

Се споменуваше Барселона, која сепак ќе го задржи Тер Штеген, а Јувентус е заинтересиран, но не може да се ослободи од Шчешни, кој годишно заработува 7 милиони евра по сезона.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Мино Раиола сфатил дека е во тешка ситуација и го понудил Донарума во Јувентус за многу помала плата.

Имено, тој од „бјанконерите“ не бара никаква провизија и е задоволен од плата за Донарума од 6 милиони евра, или 2 милиони помалку од што му нудеше Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…