„Росонерите“ се наоѓаат во очајна форма во последно време, но утеха може да им биде и фактот што и Интер баш не блеска. Италијанските медиуми пренесуваат дека по првпат по многу години „Сан Сиро“ би можел да биде полупразен.
Лошите вести за Џенаро Гатузо се дека вечерва нема да може да смета на својот прв голман, Џанлуиџи Донарума кој има проблем со повреда на препоните. Сепак, многумина веруваат дека младиот голман не сака да биде вечерва на голот бидејќи е во расправа со навивачите на Милан, а повредата е само параван.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Донарума е повторно мета на навивачите, откако неговиот агент објави дека ќе го должи клубот бидејќи го измамил младиот голман во новиот договор. Колку тоа тешко му паѓа на Донарума најдобро докажува фактот дека со солзи го завршуи мечот против Аталанта.
Овој 18-годишен голман вечерва треба да го запише својот 100. меч за „Росонери“, но се чини дека мора да почека некој друг меч. Поради тоа се повеќе се шпекулира дека Донарума од јануари среќата ќе ја побара во некој друг клуб.