Дома Топ вести Донарума изненаден од потегот на Милан, сакал да остане на Сан Сиро

Донарума изненаден од потегот на Милан, сакал да остане на Сан Сиро

Џанлуиџи Донарума е главна тема на Апенините, откако стана јасно дека ќе го напушти Милан како слободен агент.

Милан неколку месеци неуспешно преговараше со неговиот агент Мино Раиола за продолжување на соработката. „Росонерите“ последно му понудија нов договор со плата од 8 милиони евра, но немаше никаков одговор од Донарума.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Милан го загуби трпението и ангажираше нов голман, Мајк Мањан, кој вчера пристигна на прегледи и стави потпис на 5-годишен договор.

„Скај Италија“ пренесува дека Донарума останал шокиран од таквиот потег на клубот, бидејќи мислел дека по завршување на сеозната ќе продолжат преговорите.

Тој очекувал дека уште ќе преговара со раководството на „росонерите“, па не барал нов клуб, бидејќи сакал да остане на „Сан Сиро“.

Милан со ова испрати силен сигнал до голманот и неговиот агент Раиола, дека нема да моли никого и дека ниту еден играч не е поголем од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…