Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума го прекина молкот и им се обрати на фановите после елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампиони.
Донарума беше посочен како директен винивник за поразот од 3:1, бидејќи првиот гол на Бензема падна после негова голема грешка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Елиминацијата во ЛШ беше голем удар за нас. Последните два дена не беа лесни, но токму од вакви тешки моменти може да излеземе посилни. Треба да гледаме напред, да ја освоима Лига 1, ќе давам се од себе за овој дрес, како што правев и до сега. Да започнеме повторно заедно! Напред Париз“, напиша Донарума на социјалните мрежи.
— Gianluigi Donnarumma (@gigiodonna1) March 11, 2022