Италијанските медиуми вчера потврдија дека Едисон Кавани постигнал договор со Атлетико Мадрид каде ќе потпише 3-годишен договор.
Уругваецот ја игра последната сезона во ПСЖ и на лето ќе биде слободен агент, а со оглед дека „светците“ одлучија да го откупат Мауро Икарди, тоа ќе значи заминување на Кавани.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Диего Симеоне е голем симпатизер на играта на Кавани, а неговото доаѓање во Мадрид дефинитивно ќе значи заминување на Диего Коста.
Италијанските медиуми тврдат дека Диего Коста кариерата ќе ја продолжи во Серија А, поточно во дресот на Милан.
„Росонерите“ се во потрага по искусен и етаблиран напаѓач, а Атлетико е спремен да го пушти Диего Коста за 18 милиони евра, сума која Милан е спремен да ја плати.